Точната причина за смртта на овој млад човек ќе биде потврдена по обдукцијата, која ќе биде извршена утре.

Член на Културно уметничко друштво од Краљeво-Србија, 21-годишен млад човек почина вечерва на пат кон болницата во Чачак, откако му се слоши за време на настапот на манифестацијата „Купудијада“ во Мржајевци.

– Го следевме концертот и еден млад човек кој свиреше на еден од инструментите само одеднаш се сруши на сцената. Итната помош веднаш пристигнала на лице место, била извршена реанимација и младиот човек бил сместен во брза помош. Подоцна слушнавме дека починал на пат кон болница – рекол еден од очевидците.