На 07.10.2022 во 15.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат на место викано Пударница, атар на с.Турско Рудари, пробиштипско, трактор “имт 539“ без регистарски таблички, управуван од С.П.(48) од с.Злетово, излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од Полициската станица Пробиштип.