Нови пратеници ќе го зајакнат мнозинството на актуелната проевропска Влада предводена од Зоран Заев во парламентот.

Ова практично вечерва го најави лидерот на Беса, Билал Касами во емисијата Клик плус на ТВ21.

Касами најави дека со други пратеници во иднина ќе се зголеми парламентарното мнозинство во Собранието.

-За прв пат по долги години ќе имаме Влада која ќе го реализира својот четири годишен мандат, имаме многу работа и многу проекти кои се во интерес на граѓаните, рече Касами.