Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(40) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 15.09.2020 на ул.„Раим Лика“ во Кичево, пријавениот се однесувал агресивно и упатувал закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.