Овој напиток ќе ви помогне да заспиете.

Ако имате проблем да заспиете и не можете да најдете природен начин да успеете, пробајте ја оваа магична напивка која ќе ве смири и заспие.

Напивка со мед и цимет

Состојки:

1 чаша млеко
1 лажичка мед
2 капки екстракт од ванила
прстофат мелен цимет

Подготовка:

Загрејте го млекото на рингла додека не почне да пени (околу 3 минути). Додадете мед и ванила и добро измешајте, а потоа посипете со мелен цимет.