Украинскиот капетан, вториот човек на Азов, Свјатослав Паламар, кој се наоѓа во опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол, изјави за Си-Ен-Ен во средата дека верува оти сите цивили што се кријат во фабриката сега се надвор – предупредувајќи дека постојаното бомбардирање отежнува да се даде целосна проценка на состојбата во тој голем објект.

„Ако зборувате за самата фабрика Азовстал, тогаш цивилите за кои знаевме, цивилите што ги имавме со нас, цивилите за кои се грижевме, тие не се со нас. Тие успеаја да ја напуштат фабриката. Не можам да ви кажам сигурно, можеби има некој друг пониско на територијата, затоа што ниту една меѓународна организација никогаш не дошла ниту имала пристап да дојде и да ја процени ситуацијата“, изјави за Си-Ен-Ен заменик-командантот на украинскиот полк Азов Паламар.