Многу е веројатно дека повеќето луѓе се тушираат барем еднаш дневно, додека во текот на летните месеци многумина одлучуваат да се освежуваат уште почесто.

Но, дали е здраво? Бест лајф пишува дека секој лекар јасно би рекол не.

Сандо Скотнички, доктор и професор по дерматологија, предупредува дека честото триење на телото со сапун и вода може да доведе до разни кожни проблеми, како што се сушење, егзема или други кожни болести. Затоа истакнува само одредени делови од телото кои треба секојдневно да се мијат.

Станува збор за пазувите, препоните и стапалата.

Со неа се согласува и Робин Чуткан, кој додава дека со сапун можеме да ги уништиме корисните бактерии.

– Работата е во тоа што на нашиот организам му требаат одредени бактерии, а доколку ги отстраниме со постојано триење на кожата, губиме заштита и затоа сме поподложни на надворешни влијанија кои можат да бидат штетни. Она што е важно е да ги миете препоните, пазувите и стапалата секој ден, додека остатокот од телото треба лесно да се измие со вода, дури и ако сте вежбале непосредно пред тоа – објаснува таа.

Студијата објавена во Сајанс адванс ги повторува нејзините зборови. Имено, тогаш беше откриено дека одреден вид на бактерии кои живееле на кожата на испитаниците е поврзан со помал ризик од рак на кожата.