На 24.01.2023 во 14.45 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.З.(30) од Велес. Тој се сомничи дека околу 10.00 часот во една од просториите во зградата на Јавната здравствена установа -Центар за јавно здравје на ул.„Лазо Осмаков“ во Велес одзел пари од чанта на една вработена. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.01.2023 околу 22.15 часот во тетовско Боговиње, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 23-годишниот Ќ.Ќ. од тетовски Порој, затоа што при негов и преглед на патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувал со уште три лица, кај него бил пронајден кокаин. Додека, на возачот В.А.(27) од истото село му бил пронајден и одземен нож. По документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 24.01.2023 околу 12.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 36-годишниот тетовец Ф.Х. за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Денеска (25.01.2023) во 02.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(21) од Босна и Херцеговина, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.01.2023 во 00.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.М.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.01.2023 во 01.30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 24.01.2023 во 14.15 часот на улица „Караорман“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле А.Д.(43) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.01.2023 околу 18.00 часот на магистралниот пат Подмолје-Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода З.К.(45) од Охрид, затоа што при преглед кај него и во патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. Во врска со случајот, во полициска станица бил извршен службен разговор и со сопатникот во возилото С.К.(53) од Охрид. По целосно документирање на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

На 24.01.2023 во 14.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 24.01.2023 во 13.20 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.В.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.