На 08.02.2023 околу 18.00 часот на улица „180“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 59-годишниот тетовец Н.Е. за издржување на двегодишна затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

На 09.02.2023 во 03.50 часот на улица „Скопска“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода М.Р.(28) од Република Албанија. Тој бил затекнат при излегување од куќа каде што претходно извршил тешка кражба, при што одзел пари и разни предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.02.2023 во 15.45 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.С.(30) од Велес. Тој се сомничи дека од деловен објект на ул.„Партизански одреди“ во Велес одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.02.2023, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Б.О.(38) од Кавадарци. Тој се сомничи дека во периодот од 04. до 08.02.2023, во круг на поранешна фабрика на ул.„Брушанска Таска“ во Кавадарци, одзел повеќе предмети. Б.О. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.02.2023 во 17.15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Т.Д.(27) од Кавадарци. Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија поради бегство од затворот. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.

На 08.02.2023 во 22.20 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.В.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.02.2023 во 20.15 часот магистралниот пат Кичево-Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода М.Ј.(33) од кичевското село Лешница, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветен поднесок.

На 08.02.2023 во 15.25 часот на Граничен премин Ќафасан, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ф.(29) од Република Албанија. При извршена контрола било констатирано дека тој бил баран по меѓународна потерница од Интерпол – Визбаден, Германија. Тој бил задржан во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.