Владата предводена од СДСМ се грижи за најмладите, во континуитет инвестира во детската заштита како еден од клучните столбови на детскиот развој, соопшти СДСМ.

„За пет години, од 2017 година до сега, изградени се 72 градинки во целата држава, со опфат од речиси 5.500 деца. Некои од нив се наоѓаат во рурални или во општини каде што досега воопшто немало детски градинки.

Во минатата 2022 година изградени или доградени се 10 градинки во општините Струмица, Гостивар, Берово, Демир Капија, Крива Паланка, Валандово, Сопиште, Ѓорче Петров, Аеродром и во Кисела Вода. Со тоа, само за една година, капацитетите на градинките се зголемени за над 1.000 деца од целата држава“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека за оваа година е планирана изградба, доградба или адаптација на дополнителни над 20 градинки во државата.

Исто така, велат дека за пет години платите на вработените во детската заштита се зголемени 36 отсто.