Агенцијата СТРАТУМ РиД последната недела од септември и првата недела од октомври го спроведе кварталното истражување омнибус во кое е вклучена континуирано и секција за расположението на граѓаните како и рејтинг на Институции и политички партии.

На прашањето „Сега да претпоставиме дека утре се одржуваат локални избори. Ве молам кажете ми за која советничка листа би гласле на локалните избори?“, 20,1% од анкетираните се определиле за СДСМ, 18,3% за ВМРО-ДПМНЕ, а на третото место е ДУИ со 9%. Од испитаниците 14,3% одговориле дека нема да гласаат.

Кога би се сумирале гласовите на лицата кои ќе излезат да го дадат својот глас на претстојните локални избори, тогаш СДСМ е во предност со 26,1% поддршка од избирачите, потоа ВМРО-ДПМНЕ со 23,8% и на третата позиција е ДУИ со 11,164%.

Резултатите од останатите прашања укажуваат на благ оптимизам споредено со периодот од Јули 2020, кога во првиот бран од пандемијата оптимизмот беше на најниско ниво.

Така на прашањето „Дали финансиската состојба во Вашето домаќинство се подобрила, влошила или пак останала иста во изминативе 12 месеци?“, се заклучува дека последните два квартала ситуацијата е подобра, откако во март годинава за време на вториот бран од пандемијата кај населението најсилно се почувствувале финансиските негативни последици од кризата.

Што се однесува до очекувањата во однос на финансиската состојба во домаќинството скоро кај една четвртина од населението дури е и подобрена, додека кај половината останала иста.

Најголемиот дел од граѓаните во последните шест месеци ја оценуваат финансиската ситуација во домаќинството значајно подобра од претходните квартали односно се враќаат на ситуација како во јули 2020 кога се уште не беа почуствувани најсилно негативните последици веднаш по првиот бран на пандемијата.

Инаку, истражувањето се спроведува со директни интервјуа во домаќинствата на испитаниците односно три етапен стратификуван случаен примерок со големина од 1200 домаќинства. Грешката на примерок изнесува +/- 3.4%.
 
Агенцијата СТРАТУМ РИД (R&D- Истражување и развој) постои од 2015 година и има големо искуство во спроведување на различни видови истражувања, квалитативни и квантитативни, како и социо – економски истражувања. Агенцијата со својот тим има спроведено огромен број социо – економски истражувачки проекти, пред се за меѓународни донаторски организации, но и за домашни. STRATUM R&D доби голем број престижни признанија ширум светот во последните три години за ИМПАЛА, платформа за невромаркетинг. Во 2018 година, Светскиот форум за иновации ја прогласи за најинтригантен иновативен старт-ап во Луцерн, Швајцарија. Истата година, компанијата беше рангирана на прво место во повикот за предлози на Фондот за иновации и технолошки развој и доби грант за ИМПАЛА. Во 2020 година, бевме поканети да учествуваме на престижната конференција за вештачка интелигенција на Светскиот економски форум во Давос. Во 2020 година, ИМПАЛА беше финалист за Светскиот самит за претприемништво – програма на Обединетите нации за импакт претприемништво. STRATUM R&D е член на професионални организации ширум светот за истражување на пазарот: ESOMAR, Women in Research, NMSBA што е гаранција за имплементација на највисоките професионални стандарди и процедури како и за контрола на највисок квалитет.