Седум дена трае молкот од ВМРО-ДПМНЕ за тоа која е улогата на Христијан Мицкоски во спорниот тендер од 136 милиони евра за пречистителната станица во Скопје, велат од СДСМ.

„ Кадри на Мицкоски како поранешниот шеф на кабинет Златко Перински се обвинувани од страна на Данела Арсовска дека биле фатени со „рацете во медот“.

Цела недела траат меѓусебните обвинувања за наводен криминал, Мицкоски молчи за неговата улога во сето тоа.

Надлежните институции започнаа да постапуваат по допрен глас и добро е овој случај целосно да се истражи и ако се лоцира одговорност, сите инволвирани треба да сносат одговорност“ додаваат од владејачката партија.