ВМРО-ДПМНЕ продолжува да изнесува тешки лаги и дезинформации во врска со најавената продажба на акциите на АД „Славија“, обвинуваат од СДСМ како реакција на денешната прес-конференција на Димче Арсовски.

„ВМРО-ДПМНЕ во своите конструкции за вредноста на имотот на АД ‘Славија’ испушта да каже дека во периодот од 2012 до 2017 година имотот на компанијата го распродавала на парче со тајни зделки. Со таквата распродажба на десетици дуќани и локали некогашни маркети на компанијата во целата држава ВМРО-ДПМНЕ дополнително ја обезвредни АД ‘Славија’, која е оптоварена со долгови кон доверителите и кон поранешните вработени“, се наведува во партиската реакција.

Од СДСМ нагласуваат дека наместо да пласираат дезинформации, од ВМРО-ДПМНЕ треба да им објаснат на граѓаните зошто во текот на 12-годишното владеење не го решиле проблемот со АД „Славија“, туку, како што велат, распродале 70 отсто од нејзиниот имот.