Соопштение на СДСМ:

Ниедно соопштение од белиот дворец, ниту една шпекулација, не можат да го прикријат расипништвото на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски уште во првите месеци од мандатот ја преполнил општината со авторски договори на негови роднини, сопартијци и медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ.

За ова тој ќе потроши 100.000 евра, додека постојано се жали дека општината нема пари.

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ насекаде низ државата е слика и прилика што би правеле на централно ниво – партиски вработувања, вдомувања, трошење на парите на граѓаните и неработење.