Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски застанаа зад протестите кои го загрозуваат колективното здравје и на кои се ширеше говор на омраза.

СДСМ најостро ги осудува пораките, говорот на омраза и навредите кои јавноста можеше да ги слушне, а беа упатени кон докторите, здравствените работници, но и кон новинарите.

ВМРО-ДПМНЕ застана зад протестите на кои новинарите беа нарекувани платеници, а нивната работа беше омаловажувана.

Во време на пандемија и новинарите секојдневно се изложени на ризик по своето здравје, но и по здравјето на најблиските.

Новинарите чија единствена цел е да ја информираат јавноста, секојдневно се во опасност да се заразат со Ковид 19, додека професионално си ја вршат работата.

Токму новинарите влегоа во ковид болниците со скафандер, меѓу пациентите со тешка клиничка слика се со цел да ја подигнат свеста на граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита и да го прифатат процесот на имунизација.

Сите потребни информации секојдневно ги добиваме од новинарите и тие најмалку треба да бидат навредувани и тоа на протест поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски – докажан извор на лажни вести, чиј ментор е бегалецот од Будимпешта.

Ако има и минимум одговорност, Мицкоски треба да повика на почитување на мерките и масовна вакцинација, а не да поддржува протести со кои се поткопува здравствениот систем и се напаѓаат новинари и доктори.

Повторно ги повикуваме сите кои досега не се вакцинирани да го сторат тоа што поскоро и да си го заштитат своето здравје и на најблиските бидејќи само на тој начин ќе ставиме крај на пандемијата.