Соопштение на СДСМ:

Одредбите на македонскиот Устав не може да се почитуваат селективно. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја предлагаат Резолуцијата за да се усвои или за да заглави во формални процедури заради нивниот лажен патриотизам?

Македонските државни позиции се силни и јасни, но ќе бидат уште посилни ако ВМРО-ДПМНЕ ја прифати Преспанската спогодба како реалност која овозможи Северна Македонија да стане полноправна членка на НАТО Алијансата со верифициран македонски идентитет.

Мицкоски очигледно одбра да продолжи со неодговорното и несериозно однесување.