– ВМРО-ДПМНЕ која ја предводи градската власт во Скопје целосно го заглави главниот град. , велат од СДСМ.

Како што претходно 11 години ја заглави државата, така сега го блокира развојот на Град Скопје.

Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ Скопје денес е парализиран град кој не може да ги извршува ниту најосновните функции.

Јавниот превоз е во колапс, приватните превозници штрајкуваат и не возат, а ЈСП тоне во долгови и сето тоа поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска.

Нема ниту еден нов проект, а намерно свесно не се продолжуваат проектите наследени од претходната градска власт предводена од СДСМ.

Каде и да пипне ВМРО-ДПМНЕ прави хаос.

Од таквата неспособност и неодговорност на ВМРО-ДПМНЕ најголема штета трпат токму граѓаните на Скопје.

Градоначалничката Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и нивната градска власт се најголемо разочарување за скопјани, велат од СДСМ.