Соопштение на СДСМ:

Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, но и во единиците на локалната самоуправа покажува дека оваа партија нема никаков план и не знае каде тера со своето однесување.

Се што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават, прават за да не заостанат зад Левица и Димитар Апасиев чии што заложници се.

Наместо решенија, мерки и политики за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ се натпреварува со Левица кој ќе биде поголем кочничар на европскиот пат.

Блокади, деструкции во Собранието, расипничко трошење на народните пари и поскапи услуги за граѓаните во општините што ги предводат – тоа е се што може и знае да понуди ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски.