Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата посветено работат и во консултација со земјоделците и стоачрите преку подсекторските групи се носат мерки за поддршка на секој еден земјоделец. Времињата кога субвенциите и поддршката кон земјоделците и сточарите се даваше селективно, одамна е минато. Денес во услови на криза министерството, покрај основните субвенции, креира нови мерки за дополнителна поддршка до секој земјоделец, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека сточарите преку Интервентниот фонд за поддршка, во услови на криза добиваат дополнителни 400 денари по грло за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет и 1500 денари по грло гоеница со тежина над 90 килограми предадена во регистрирани кланични капацитети. Преку измени во програмата за финансиска поддршка од 1000 на 1200 денари ја зголемивме мерката за поддршка за обележани грла овци во сите категории. Дополнитени 3000 денари обезбедивме и за женски приплодни грла маторици кои се одгледуваат во одгледувалиштата и исполнуваат услови за биосигурност.

Исплатени се и субвенциите за произведено и предедено млеко од последната фаза за 2020 година, во износ од 111.581.789 денари за 5.664 корисници. Дополнително со ребалансот на буџетот обезбедени се нови 2,7 милијарди денари, дополнителни средства со кои ги решаваме сите исплати на субвенции и долгови кои ги имаме наназад кон производителите на млеко и сточарите.

Оваа година за прв пат се воведе и дополнителна субвенција за квалитет на млекото. Воведена е и интервентна субвенција од 5,5 денари за кравјо млеко произведено и предадено во преработувачки капацитети во период јануари – април 2022 година. Зголемена е и субвенцијата за годведа од 2800 на 3100 денари.

Преку измените на законот за земјоделство и рурален развој овозможивме услови од оваа година да се започне со авансна исплата на субвенциите, нешто што 16 години не се случило. Земјоделците со оваа измена ќе можат 30% од субвенциите да ги добијат во рок од 90 дена по аплицирањето.

Потпишани се 103 договори за набавка на високопедигриран добиток со вкупна сума од над 253 милиони денари. Преку оваа мерка обезбедуваме нови 3842 грла високопедигриран добиток од кои 2.727 јуници, 1056 овци и 50 кози.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, го слуша гласот на земјоделците. Сите мерки, особено сега во услови на криза, се носат во разговори и заеднички со претставници на земјоделците и земјоделските стопанства кои се дел од потсекторските групи на министерството, се вели во соопштението од СДСМ.