Реакција од СДСМ на изнесени ставови на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ:

Соочени со пораз на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ бараат алиби и продаваат лажна грижа за јавното здравје

Хаос се случува само во Белата палата, кај Христијан Мицкоски и неговата десна рака Александар Николоски пред сигурниот пораз на претстојните локални избори, па затоа секојдневно се обидуваат да бараат алиби.

Николоски и Мицкоски можеби посакуваат одложување на локалните избори, оти само така ќе се спасат од уште еден, седми во низата порази што ги нанижа ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години.

Лажна е грижата на опозицијата за јавното здравје, кога тие предничат во прекршување на мерките и поддржуваат протести на кои се загрозува јавното здравје и се навредуваат здравствените работници.

Наместо да повикаат на масовна вакцинација, со која ќе се надмине пандемијата, тие шират страв и паника кај граѓаните.

Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ, освен неодговорно однесување, деструктивни политики, лажни вести и блокади нема што друго да понуди, затоа ги очекува пораз на изборите низ целата држава.