Само една недела по посетата на Христијан Мицкоски на Унгарија, САД објавија дека неговиот шеф, Никола Груевски, е ставен на „црната листа“. Нашите граѓани многу добро ги знаат причините поради оваа постапка, тоа е вмешаноста на Никола Груевски во криминал и корупција од невидени размери, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека сето ова се случува во време кога Мицкоски оди во посета на Унгарија, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се уште ги блокираат законите за Академијата за судии и обвинители. Се противеа на Законот за јавно обвинителство, го блокираа изборот на нов Јавен обвинител.

Оттука е и сомнителниот молк на Мицкоски.

Тој ниеднаш не се извини за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и неговите соработници, ниту пак побара одговорност од сите за кои има пресуди а се дел од неговата партија.

Целата јавност знае дека Христијан Мицкоски бил советник на Груевски, а потоа и секретар на ВМРО-ДПМНЕ во време кога се правени сите овие криминали.

Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори која е поврзаноста со унгарската компанија на Груевски која се најде на црната листа на САД?

Што знаел за матните зделки на Никола Груевски и зошто молчи со години?

Дали стравува дека и тој може да се најде на црната листа, се вели во соопштението од СДСМ.