ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се најмалку повикани да зборуваат било што за состојбата со коронавирусот. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден на пандемијата се однесуваат неодговорно и опасно по јавното здравје, со умисла да му наштетат на здравствениот систем и здравствените работници, соопштија од СДСМ.

– Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги кршеа мерките за заштита, блокираа изградба на модуларни болници, се потсмеваа на болните од коронавирусот.

Денес кога масовната имунизација е полн ек, наместо да повикаат граѓаните да се вакцинираат, тие поддржуваат антиваксерски протести на кои се загрозува јавното здравје.

Состојбата со коронвирусот се следи од надлежните инситуции, пред се од Министерството за здравство. Вакцинацијата се спроведува со засилено темпо со што се очекува намалување на притисокот врз здравствениот систем.

Додека сите се насочени во борба против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе останат запамаетени дека наместо на страната на јавното здравје, биле на страна на вирусот, се вели во соопштението на СДСМ.