Соопштение на СДСМ:

Градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска не сработи ништо во првите 100 дена од мандатот.

Не само што ги излажа скопјани дека исчистила 150 депониии, туку во секоја општина има нови и нови диви депонии.

Општина Карпош, општина Чаир, Бутел, Ѓорче Петров, нема дел или општина во Скопје во која нема дива депонија.

Наместо да се развива како еколошки и чист град Скопје станува нечист град, полн со депониии.

Тоа што Арсовска не може да ги исчисти депониите доволно говори за нејзината неспособност.

Во првите сто дена од мандатот на Арсовска едно е јасно, таа е најслабиот градоначлник што досега го имало Скопје.