ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски сите криминално стекнати пари да им ги вратат на граѓаните. Ова е и праведно и правично затоа што тоа се пари кои 11 години се краделе од народот, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека пресудата во случајот Талир-2 потврди дека ВМРО-ДПМНЕ незаконски, на грбот на граѓаните, го изградила луксузното седиште и купила имоти во уште триесетина градови низ државата. По правосилноста на пресудата, се отвора можноста запленетиот имот да се продаде или да се пренамени, да се врати кај оние од коишто е земен, а тоа е се граѓаните.

Криминалот на ВМРО-ДПМНЕ е потврден и во други предмети, како Тврдина – Таргет, Плацови на Водно, Тенк, а во постапка се и неколку други предмети.

ВМРО-ДПМНЕ, кои се луксузираат во Белата палата, опремена со плочки од 100.000 евра, дрвен паркет од Италија од 76.000 евра, вазна од 180.000 евра, да се извинат се целиот криминал, за грабежот што е направен врз граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да се соочат со реалноста дека правда има и правда мора да има.

Секој што го прекршил законот мора да одговара, а парите да се вратат назад, кај граѓаните, се вели во соопштението.