Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски, во ек на глобална енергетска криза, со месеци ја плашеше јавноста со наводен недостиг на енергенси за домашниот енергетски сектор.

Лани Мицкоски лажеше дека нема доволно јаглен, односно дека имало уште за два дена, повеќе од една година помина од тие лаги, а не само што јаглен има доволно, туку и термоелектраните го зголемија производството за 25 отсто.

АД ЕСМ произведува струја која во целост, 100% ги покрива потребите за струја, со што ги побива лагите на Мицкоски кој велеше дека немаме доволно струја од домашно произвдоство.

Домаќинствата, малите потрошувачи се снабдуваат со 100 отсто домашна, македонска струја, со што се зајакнува енергетската независност на државата и се штедат пари затоа што нема скап увоз.

Со месеци Мицкоски повикуваше да се набави гас за целата грејна сезона, во период кога цените на овој енергенс рушеа рекорди.

Ако се слушаше Мицкоски и се набавеше гас во изминатите неколку месеци за целата грејна сезона, ќе се платеа 100 милиони евра плус сметајќи по сегашната цена на берзите, а која и натаму паѓа.

Одлуката на Владата, економските ресори и АД ЕСМ да не се набавува во тој период за цела сезона, даде резултат.

Ете колку нема познавање Мицкоски од енергетика, се што тој кажа и предвидуваше, на крајот излезе погрешно.

Мицкоски на дело покажува дека не се разбира во енергетика. Може и треба да учи од Ковачевски.