Во изминатите 10 месеци, само за овој краток период од мандатот на Димитар Ковачевски инсталирани се 27 мегавати фотонапонски централи во земјава, соопшти СДСМ.

„ Колку за споредба, тоа се 11 мегавати повеќе од она што беше направено од ВМРО-ДПМНЕ за вкупно 11 години. За 10 месеци Ковачевски направи повеќе отколку за 11 години ВМРО-ДПМНЕ. Факт.

Еден од тие капацитети е електраната Осломеј. Со инвестиција во фотонапонската електрана од 10 мегавати, сопственост на ЕСМ, на поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“. Енергетската транзиција на државата е во полн ек. Неодамна почна со работа најголемата фотонапонска централа со капацитет од 17 МW, изградена од страна на компанијата од Словенија („Ген-И“)“ додаваат од владејачката партија.

Оттаму најавуваат дека во наредните две години, треба да се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани.

„ Тоа значи одговорен, ефикасен пристап кон енергетиката. Иднина во производството на електрична енергија Ковачевски ја гледа и на тоа интензивно работи токму во обновливите извори на енергија а резултатите се веќе видливи“ се вели во партиското соопштение.