Соопштение на СДСМ:

„Комисијата за финансирање и буџет не одржува седница на која треба да се расправа за ребалансот на Буџетот за 2022 година.

Добивај вести на вибер
Причина за тоа е отсуството на претседалот на оваа комисија, пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ кој деновиве е во посета на Египет.

Наместо интересите на граѓаните, наместо побрзо усвојување на ребалансот, Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ одбра шетање во Египет.

Толку од грижата на ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните, оваа партија уште еднаш покажа дека единствено се грижи за лични и партиски интереси.

Ребалансот на Буџетот е важен за да продолжи помошта кон граѓаните и стопанството, важен за растот на платите и пензиите, но и за повеќе инвестиции во капитални проекти.

Тој треба да биде усвоен што побрзо, за што побрзо парите да стигнат кај граѓаните, но тоа очигледно воопшто не му е важно на Стојановски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ“.