Соопштение на СДСМ:

Партијата Левица, предвоена Димитар Апасиев претставува реална закана и вистинска опасност за продолжување на европскиот пат на државата.

Левица јасно е определена против стратешките цели на државата, анти НАТО и анти ЕУ.

И уште поголема опасност е дека Левица го зема во заложништво Христијан Мицкоски, како човек без став, визија и одлучност.

Политичкиот пироман Апасиев, со Мицкоски како негов заложник, сака да ја доведе државата до раб на провалија.

СДСМ и демократските сили нема да дозволат патот кон европската иднина да биде напуштен, поради неодговорни пиромани како Апасиев и Мицкоски.

Државата ќе продолжи по патот на интеграциите се до полноправно членство во ЕУ, затоа што тоа е гаранцијата за стабилна и сигурна иднина.