Соопштение на СДСМ:

Македонската економија денес е стабилна, развојна и се движи во добра насока, по успешното надминување на коронакризата, а тоа го покажуваат официјалните економски показатели.

Последните податоци од Државниот завод за статистика говорат дека во првите пет месеци од оваа година, јануари – мај, забележуваме раст на извозот од 58,2 отсто споредено со истиот период 2020 година.

Паралелно, бележиме и раст на индустриското производство, раст на просечната плата и пад на стапката на невработеност.

Денес имаме историска стапка на невработеност од 16 отсто, а просечната плата за месец април 2021 година е за 10 отсто повисока во споредба со истиот месец лани.

Сите овие показатели говорат за успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ.

Како одговорна, социјалдемократска партија остануваме целосно посветени на мерки и политики кои го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и носат засилен економски развој.

Продолжуваме да работиме одговорно, во интерес на граѓаните, во интерес на домашната економија.