Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски по којзнае кој пат потврдија дека освен блокади, кочење и деструкција ништо друго ниту прават ниту можат да направат.

Прв ден во Собрание денеска, одма за блокади на закони се фатија.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски, нереформирана, деструктивна, којашто работи исклучиво на блокади и на директна штета на граѓаните.

За оваа неодговорност ВМРО-ДПМНЕ ја очекува казна од граѓаните на престојните локални избори.