Со СДСМ продолжува силната динамика на инвестиции во инфраструктурата – го носиме Најдоброто за секоја општина, велат од СДСМ во своето соопштение кое го пренесуваме во целост:

СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев континуирано покажува вистинска грижа за граѓаните преку реализација на инфраструктурни проекти кои го унапредуваат квалитетот на животот на граѓаните и носат напредок и развој на општините.

Како одговорна и домаќинска партија остануваме целосно посветени на градење современа инфраструктура во секоја општина, во секој град, во секое село.

Само со СДСМ и „Најдоброто“ продолжува силниот тренд на инвестициите во атмосферската канализација, како и реконструкција на улиците во општините, локалните и полски патишта, изградба на велосипедски патеки, како и поддршка на инфраструктурата неопходна за развој на алтернативниот туризам.

Комуналната инфраструктура ќе остане во фокусот на нашето работење, а општините плански ќе ги зајакнуваат капацитетите на јавните градски претпријатија.

Водејќи се од фактот дека инфраструктурата е моторот на економскиот развој, во изминатите 4 години водевме посебна грижа за локалните патишта и инфраструктурата во општините.

Преку Проектот за локални патишта, којшто е дел од тековната соработка со Светска банка и се спроведува преку Министерството за транспорт и врски, седумдесет милиони евра беа наменети да се распределат на сите 80 општини за изградба и санација на локални патишта и улици, како и на друга патна инфраструктура во единиците на локалната самоуправа.

Паралелно, преку проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“, финансиран преку Европската инвестициска банка (ЕИБ), Светска банка, КфВ, ИПА и буџетски средства, а имплементиран преку Министерството за транспорт и врски се фокусиравме на подобрување и на општинската инфраструктура.

Со средства во вредност од 100 милони евра поддржани се сите општини во државата за изградба на подобра инфраструктура за водоснабдување и пречистителни станици.

Овој проект ќе продолжи и во иднина преку Министерството за животна средина, со дополнителен фонд средства за поддршка на унапредување на локалната инфраструктура.

Овие и уште многу други капитални проекти на централната власт се силен доказ за нашето посветено работење за секоја општина во нашата земја.

Со најдоброто секое населено место со водовод и канализација.

Чиста наместо загадена вода, хигиена наместо ѓубре.

СДСМ инвестира во сегашноста и така ќе продолжи и во следните четири години.