Oчајната и загубена ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ги поместува границите на своето деструктивно однесување. На полошо, рече во изјава за медиуми , Стефан Васев од СДСМ.

Изјаата ја пренесуваме во целост:

Не постои друг пример на политичка партија која толку ги мрази сопствените граѓани само затоа што не ја добива нивната доверба.

Без грам совест и елемнтарно чувство за одговорност политичкиот пироман Христијан Мицкоски оди чекор кон полошо и овој пат се обидува да профитира од пожарите.

Мицкоски никако не извлекува поука од минатото и ги повторува грешките, на своја штета.

На ист начин како што се обидуваше да ги манипулира граѓаните со конструкции, лажни обвинувања и измислици дека јавното здравство нема тестови, лекови и знаење да се справува со корона кризата.

Сега повотрно Мицкоски со лажни и неосновани обвинувања, со конструкции се обидува да сее страв, омаловажувајќи ги напорите на институциите да се справуваат со пожарите.

Покрај сите предизвици системот функционира. Сите надлежни институции, на централно и локално ниво се активни за справување со пожарите, и заедно ќе успееме.

Наместо да помагаат, саботираат и дрско ги злоупотребуваат личните, семејни трауми и загуби на граѓаните.

Вака не постапува ниту една политичка партија, волку ниско не паднала ниту една опозиција.

Заради вакво некрофилско однесување Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ изгубија парламентарни избори, граѓаните ќе ги казнат и на локалните избори.

Притоа, граѓаните не заборавија дека нивниот режим за 11 години потроши повеќе од 30 милијарди евра народни пари и затоа немаат право да обвинуваат никој друг за екипираноста на државниот систем за справување со кризи освен себе си.