Подготвени сме за продолжување на европскиот пат, посветено да работиме, за граѓаните да живеат како сите останати народи од Европската унија. По 17 години од добивањето кандидатски статус, се реализира уште една стратешка определба поставена уште на денот на независноста, а тоа е полноправно членство во ЕУ. Преговорите за членство во ЕУ почнаа со одржувањето на првата меѓувладина конференција, а веднаш по неа започна скриниг процесот, по кој ќе следува и отворање на првите поглавја, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека македонскиот јазик е заштитен со чиста формулација без фусноти и придавки и тој ќе биде рамноправен со останатите јазици на Европската унија. Во ЕУ влегуваме како Македонци, со заштитен, потврден и загарантиран македонски идентитет. Нашиот македонски јазик, идентитет, традиција, култура стануваат дел од Европската унија.

Сега е време за храброст, посветеност и јасен поглед кон иднината за да можеме брзо и одлучно да го оствариме сонот на нашата генерација, за доброто на идните генерации. Иднината на Република Северна Македонија е обезбедена и таа е европска, се вели во соопштението.