На прашањето “Која партија сметате дека ќе победи на претстојните локални избори”, 34 % од испитаниците одговориле СДСМ, 25,1 % се изјасниле ВМРО – ДПМНЕ, 2,4 % сметаат дека тоа ќе биде Левица, а 0,2 % одговориле ДУИ. Тоа се сите политички партии што се споменуваат во анкетата која потврдува дека огромно мнозинство битолчани го сметаат СДСМ за победник на претстојните локални избори.

На прашањето “За кого ќе гласате на претстојните локални избори за советничка листа”, 25,6 % одговориле за советничката листа на СДСМ, 23 % одговориле за листата на ВМРО – ДПМНЕ, Левица ја одбрале 2,6 % од испитаниците, ДУИ 1,4 %, а Интегра 0,2 %.

За Христо Кондовски од СДСМ и коалицијата ќе гласаат 28,7 % од испитаниците, а за кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ 27, 5 %. Следуваат Горан Милевски со 3,8 %, Зоран Лазаревски со 2,4 % и Јорго Огненовски со 0,2 %.

Анкетата е направена телефонски, на примерок од 1000 испитаници во периодот од 25 до 30 септември.

Kако и сите анкети од релевантни институции спроведени во изминатите неколку месеци, така и оваа на Стратум Р%Д покажува дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја ужива најголемата доверба кај граѓаните.

Со тоа се потврдува дека СДСМ и „Најдоброто“ се фаворити и убедливи победници на претстојните локални избори.

Граѓаните прават разлика помеѓу одговорниот, државнички однос на СДСМ и деструктивноста и безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа анкета, како и останатите анкети на релевантните Брима, ИРИ и други релевантни агенции и институти, потврдува дека граѓаните не сакаат ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски да ги враќа назад во темното минато и даваат поддршка на концептот на СДСМ кој води напред.

Бадијала се сите оправдувања и барањето алиби на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, ништо не ги спасува од седми изборен пораз.