Соопштение на СДСМ:

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков додека чекал резултати од тестот за коронавирусот наместо да се изолира, свесно присуствувал на јавен настан, на одбележувањето на православниот празник Водици.

Ова е неодговорно, незрело и опасно постапување на Пецаков кој во време на пандемија свесно го загрозува јавното здравје.

Вака слично, на почетокот на пандемијата со коронавирусот, се однесуваше и Христијан Мицкоски кој не почитуваше мерки за заштита и свесно кршеше здравствени протоколи.

Очигледно дека во ВМРО-ДПМНЕ присутна е една иста матрица – по секоја цена да не се почитуваат законите и протоколите за заштита на јавното здравје.

Неколку денови по ред, Пецаков, наместо да понесе морална и лична одговорност, тој бара изговори и се служи со манипулации, само за да ја покрие својата неодговорност.

Надлежните институции мора целосно да го расчистат случајот и да постапат согласно законите, а Пецаков да одговара за своите постапки.