Соопштение на СДСМ:

Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид свесно ги прекрши законите со тоа што наместо во изолација да го чека резултатот од тестот за коронависрусот, тој учествуваше на настан со илјадници посетители.

За таквото свесно кршење на законите и загрозување на јавното здравје во време на пандемија, Пецаков мора да одговара.

Наместо да го осуди, неговата партија ВМРО-ДПМНЕ побрза да го брани преку пласирање лажни вести и конструкции, што впрочем е нивна одлика низ целиот период на пандемијата.

Ниту една лага, ниту една конструкција од белиот дворец не може да го спаси Пецаков од одговорност за своите постапки.

Секој кој ги прекршил законите и протоколите за заштита од коронавирусот, мора да одговара без разлика дали е градоначалник или член на некоја политичка партија.