Партиска делегација предводена од Вангел Андрески, орагнизационен секретар на СДСМ, Рената Јајоска, членка на ИО на СДСМ и советничка во Советот на Град Скопје и Александар Саша Димитријевиќ од СДММ, во името на СДСМ положија свежо цвеќе и оддадоа почит на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски.

Денеска се одбележува 18-годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател и членовите на неговиот кабинет што го придружуваа на ова патување како и екипажот на авионот.