Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски, најнеуспешниот директор на ЕЛЕМ, советникот за енергетика на Груевски, нема познавање од енергетика.

Во услови на најголемата светска енергетска криза ширеше бројни шпекулации, лаги и невистини, го плашеше народот со неосновани црни сценарија.

Меѓу најголемите промашувања на Мицкоски е неговото тврдење дека нема да има струја од домашно производство, дека ќе има крах на целиот систем.

Не само што немаше крах, туку со зголемување на домашното производство на електрична енергија АД ЕСМ обезбеди 100 % снабдување со струја, а корисниците имаат сигурно и стабилно снабдување со електрична енергија.

Мицкоски, во чие време на директорување струјата поскапе за 100 проценти, ширеше страв и паника кај народот дека електричната енергија драматично ќе поскапи.

Но, цената на електричната енергија за домаќинствата не се зголеми. Цената на струјата за малите потрошувачи, за 72.000 компании се намали за 20 проценти. Исто така, обезбедена е евтина електрична енергија за производителите на основни прехранбени производи, за училиштата и здравствениот систем.

Поради лагите на Мицкоски граѓаните стравуваа од рестрикции на електрична енергија.

Не само што немаше никаква потреба за рестрикции, туку оваа зима беше постигнато највисокото дневно домашно производство на електрична енергија во последните 10 години.

Зборуваше Мицкоски дека нема да има јаглен, дека јаглен има само за уште два дена. Од тогаш поминаа стотици денови, а не само што јаглен има доволно, туку термоелектраните го зголемија производството за 25 отсто.

Прогнозираше Мицкоски дека ќе се вратиме 40 до 50 години назад, дека цели градови ќе бидат исклучени од струја, а државата чекори во иднината и станува регионален лидер во енергетска транзиција кон обновливи извори на енергија.

Од 1 јануари 2022 година до 28 февруари годинава, во земјава има изградено и пуштено во употреба нови фотонапонски централи со инсталиран вкупен капацитет од 181,2 мегавати од обновливи извори што можат да ги задоволат потребите на 72.500 домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија.

Се, што Мицкоски кажа, излезе погрешно, се што предвидуваше, промаши.