Данела Арсовска има бугарско државјанство, обелодени предмалку на прес конференција пратеничката Славјанка Петровска.

Денес обелоденуваме уште една тајна на Данела Арсовска. Ова е документот кој докажува дека Данела Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство. Вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 ù дал на Арсовска бугарско државјанство. Цели 10 години Арсовска има резервна татковина. Од кои побуди г-ѓа Арсовска побаравте бугарско државјанство, праша Славјанка Петровска на денешната прес конференција.

„За чии интереси работите Арсовска, за Груевски, за Бугарија, за Унгарија. Странски инсталиции кои работат против својата држава, нема да поминат кај скопјани. Ова е класично потценување и навреда на скопјани. Уште колку тајни криете Арсовска?“, праша Петровска.

Повеќе во видеото: