Соопштение на СДСМ:

Медарите од ВМРО-ДПМНЕ и нивната некогаш најдобра градоначалничка уште еднаш на дело ја покажаа својата неспособност и заедно го заглавија Јавното сообраќајно претпријатие во долгови.

Иако од буџетот на Град Скопје оваа година за ЈСП се наменети 8,6 милиони евра, долгот на ЈСП е драстично зголемен. Направен е долг од 1 милион евра за една година.

Дали шпицниот градоначалник Мицкоски и неговата некогашна штитеничка Арсовска ги ставиле рацете во медот и во ЈСП?

Јавно да одговорат дали во изминатава година е потпишан анекс договор, без никаква спроведена постапка на договорот за снабдување со нафтени деривати со кој секој литар гориво е поскап за 5,6 денари?

Зафатени со тендери и провизии заборавија на граѓаните и вработените во јавните претпријатија.

Пред една година Мицкоски и Арсовска заедно на скопјани им ветуваа бесплатен јавен превоз, а сега јавниот превоз воопшто го нема, ЈСП е во колапс.

Џабе се обидуваат да ја префрлат вината врз Владата. Долг на Владата во ЈСП нема.

Токму нивната неспособност е причина за катаклизмата во ЈСП и хаосот со јавниот превоз.

Тоа е единствена причина зошто вработените во ЈСП немаат земено плата. Тоа е причина зошто штрајкуваат возачите, а граѓаните не можат да користат јавен превоз, за своите секојдневни обврски, да одат на работа, на факултет, на училиште, на лекар, на пазар..

За само една година неспособноста на ДПМНЕ и Арсовска го направи она што досега не се случило во Град Скопје – за прв пат скопјани се оставени без јавен превоз