Јасна е потребата од достоинствено вреднување на трудот на наставниците, но во интерес на учениците, особено сега дури и во услови на пандемијата е продолжување на континуитетот на наставата. Правото на образование е Уставно загарантирано право на секое дете. Затоа ги повикуваме наставниците интересот на децата да го стават на прво место, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека Владата предводена од СДСМ секогаш имала слух за наставниците. Во изминатите 3 години, во три наврати ги зголемивме личните приходи на наставниците за 21%.

Платите на вработените во градинките се зголемија за повеќе од 21%, што во просек значи покачување од 4.300 денари за негувателки до 5.700 денари за воспитувачките, што е историски најголемо покачување до сега за овој кадар.

Со растот на минималната плата следува усогласување на сите плати, согласно Законот за минимална плата.

Во исто време кога ВМРО-ДПМНЕ цела година го блокира Законот за наставници, кој обезбедува, меѓу другото и поголеми плати, врши политизација на штрајкот на СОНК на штета на наставниците и на учениците.

ВМРО-ДПМНЕ да престане со партизација на штрајкот. Тоа е последната партија која може да зборува за образование или за плати на наставници.

Решенија се возможни само преку социјален дијалог на синдикатите и надлежните институции.

Заеднички да се обезбедат одржливи решенија во врска со зголемување на платите на наставниците и унапредување на нивниот економско-социјален статус, се вели во соопштението.