Денеска во Битола започнува серијата на граѓански трибини на владејачката СДСМ на која со граѓаните ќе се дискутираат мерките и политиките на СДСМ, како и визијата за иднината на нашата македонска држава.

Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати денес во 18:30 во Домот на култура во Битола, а претходно партиски функционери ќе се сретнат и ќе разговараат со граѓаните и во Ресен, Новаци, Могила и Демир Хисар.

СДСМ покажа дека знаат да се грижат за граѓаните и за животниот стандард во време на криза, но истовремено, мора да се гледа и напред, за децата да бидат горди и со крената глава да ја градат своајта иднина дома, во земја членка на ЕУ, наведуваат од партијата.

Од владејачката партија ќе ја претстават нивната визија за економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ до 2030 година со заштитен македонски јазик и идентитет.