Првите имииња на кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ ќе бидат познати на 13-ти јули, брифираше денеска генералниот секретар на владејачката партија, Љупчо Николовски.

На брифингот со повеќе медиуми, Николовски посочи дека партијата завршила со истражувања, анкети и анализи за 20-тина општини, по што се очекува во наредните десеттина денови, да финишираат постапките во самите општински органзиации, а потоа ќе следи и јавно објавување на кандидатите.

Објавата на првите 20-ина кандидати, како што информираше Николовски, е предвидена за 13 јули по одржување на седница на партиското раоводство.

СДСМ во изминатиот период го засили присуството на терен, преку маалски средби преку граѓански трибини, под слоганот „Најдоброто“.

СДСМ вели дека ќе ја креираат најдобрата понуна за секоја општина на овие локални избори.