Vestiplus.mk
+ Centar МАКЕДОНИЈА ТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски повторно пред избори оди кај Никола Груевски, неговиот шеф и главен финансиер, по пари и совети

Пред секои избори, Мицкоски или некој од партијата мора да отиде во Будимпешта, кај неговиот ментор, шеф и главен финансиер, Никола Груевски, реагираат од СДСМ по посетата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Унгарија, каде пребега Никола Груевски.

– Минатата година, пред изборите Мицкоски исто така беше во Будимпешта. Ако тогаш отиде за Груевски да му ги состави листите за пратеници, дали сега Мицкоски отишол по пари за кампања за овие избори?

Новите насоки за деструктивност, блокади и кочење на републиката што Мицкоски ќе ги добие од Груевски ќе видиме.

Очигледно е дека Мицкоски не може да излезе од матрицата на Никола Груевски, очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е раководена од Будимпешта.

Затоа на овие избори, нереформираната ВМРО-ДПМНЕ и нејзините погубни политики уште еднаш ќе бидат поразени од граѓаните, порачаа од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира...

Темпото на вакцинација забавено, има доволно дози за ревакцинација, но само 10.000 први дози

В+

Лукаревска на трибина во Крушево: Го живееме сонот на нашите претци, македонскиот јазик и идентитет се меѓународни потврдени

В+

Историски највисок раст на БДП од 13,1%

В+

Уште двајца ученици заболени со корона, за Филипче тоа е мал број на заболени

В+

Воведена целосна забрана за движење на Водно и Скопска Црна Гора

Vesti +

Приведено лице поради кражба на пари од возило

Vesti +