Сите лаги и манипулации на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, сите хистерии за наводна асимилација и бугаризација им потонаа.

Лажеа дека со прифаќањето на францускиот предлог македонскиот јазик ќе биде дијалект, со фусноти, дека нема да биде признаен во ЕУ.

Организираа насилни протести, во Собранието свиреа со вувузели, ги навредуваа пратениците, ги клеветеа, ги прогласуваа за предавници и на крајот, не гласаа, туку избегаа од собраниската сала.

Вистината ги демантираше сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Договорот со Фронтекс е потпишан на официјален македонски јазик, чист, без фусноти, без ѕвездички и додавки. Македонскиот јазик е признаен и потврден во ЕУ, на исто рамниште со сите со сите јазици во Унијата.

Мицкоски нема доблест да излезе пред граѓаните и да честита за успехот на државата, никаде го нема, а тој и ВМРО-ДПМНЕ треба да им се извинат на граѓаните за сите лаги и манипулации, за сите хистерии што ги ширеа, за сиот страв што го ширеа.

ВМРО-ДПМНЕ бега и се крие од одговорноста за сите важни, стратешки прашања за државата и граѓаните.

СДСМ е државничка и државотворна партија која работи за подобра иднина, за европска иднина на државата и на граѓаните.