Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски мора да им се извини на граѓаните за сите лаги за наводно ново парламентарно мнозинство, а потоа да преземе одговорност и да се повлече од политиката.

Заради желбата за власт Мицкоски седна на иста маса со анти НАТО, анти ЕУ политичари, со политичари кои се против Договорот од Преспа, против Охридскиот рамковен договор, против концептот едно општество за сите.

Се што Мицкоски кажа – излажа. Дури и парламентарното мнозинство го кроеше преку лаги и измами кон луѓето со кои седеше на иста маса.

Тој уште еднаш покажа дека нема став, дека е обичен калкулант желен за власт, а се покажа и дека Димитар Апасиев не е ништо друго освен обичен потрчко на Мицкоски.

Стана јасно дека Левица е исто што и ВМРО-ДПМНЕ, дека Мицкоски и Апасиев се едно исто.

Христијан Мицкоски конечно треба да преземе одговорност и да си даде оставка.

Граѓаните не сакаат и не заслужуваат политичари, кои ги лажат, немаат став за суштинските прашања, ниту идеја за иднината на државата.