Соопштение на СДСМ:

Мицкоски потврди дека е заложник на Апасиев а ВМРО-ДПМНЕ идеолошки обезличена.

Не само што го потврди континуитетот со Ванчо Михајлов туку отиде и чекор понапред.

За Мицкоски не биле проблем контроверзните историски имиња на бугарските клубови, кои го негирале македонскиот идентитет и кои соработувале со фашистичките окупатори, спорен му бил само политичкиот реципроцитет.

Мицкоски признава континуитет на луѓе кои што биле извршители на Третиот Рајх, кои го негираат македонскиот идентитет, идеолошки поклоник на фашизмот.

Фотографиите на Мицкоски со основачите на бугарските клубови не биле случајни.

Мицкоски е слаб, послушник на Груевски и заложник на Апасиев и Левица а неговата партија е обезличена и без идеологија.