СДСМ излезе со соопштение:

Христијан Мицкоски е во заложништво на Димитар Апасиев и Левица, кои се сериозна закана на нашиот европски пат

Економската криза и последиците од неа, ги очајува луѓето и ги тера да размислуваат да му дадат шанса на Апасиев кој е агент на хаосот.

Апасиев станува посилен и поопасен а причината за тоа е што Мицкоски е слаб, нема став, нема визија.

Затоа Мицкоски секое утро прво што прави е проверува што кажал Апасиев, па водејќи се од тоа, во Белата Платата дава наредби каква ќе биде нивната комуникација тој ден.

Затоа Мицкоски се однесува лицемерно, дека еден ден кажува едно, друг ден второ.

Затоа Мицкоски еден ден вели дека ја поддржува интеграцијата во ЕУ, а веќе следниот ден во Собранието ја блокира сета законска регулатива што се однесува на ЕУ.

Мицкоски е човек без визија кој заедно со Апасиев сакаат да ја вратат државата врати во темното минато на страв, изолација и внатрешни поделби, но СДСМ и граѓаните тоа нема да го дозволат.