Соопштение на СДСМ – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски:

Христијан Мицкоски останува против сите успеси на државата, останува заглавен во режимската матрица која сака државата да ја врати во изолација, скарана со соседите и демократскиот свет.

Мицкоски ниту еднаш не покажа државнички капацитет, тој и ВМРО-ДПМНЕ не го почитуваат Уставот, насекаде лобираат да не започнеме проговори за членство во ЕУ.

Од Мицкоски никој веќе не очекува ништо конструктивно, ништо државничко, тој знае само да блокира, да кочи процеси кои се во интерес на граѓаните и државата.