Христијан Мицкоски е против ЕУ, тоа е кристално јасно, обвини СДСМ.

„ Тоа што го прави Мицкоски е единствено од негови лични и партиски цели за да си ја сочува фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ. Откако му потонаа сите лаги и почнавме преговори со ЕУ со чист македонски јазик и заштитен македонски идентитет Мицкоски е очаен. Се плаши од јакнењето на проевропското крило во ВМРО-ДПМНЕ кое размислува различно од Мицкоски и сака државата да продолжи напред.

Мицкоски е лицемерен, неговото политиканство е прочитано и бледо. Истито тој Мицкоски беше и против Преспанскиот договор и тврдеше дека со овој договор ќе сме го изгубеле идентитетот. Ниту изгубивме идентитет, ниту веќе Мицкоски го спомнува Преспанскиот договор. Истиот тој Мицкоски, јавно, пред камери на бугарски јазик на бугарскиот премиер Борисов му кажа дека го поддржува Договорот за добрососедство со Бугарија.

ВМРО-ДПМНЕ организираше референдум против територијалната поделба во државата и за време на тој референдум кој беше неуспешен зборуваше дека дента кога ќе дојдат на власт ќе ја укинат територијалната поделба. 11 години беа на власт, не ја укинаа територијалната поделба.

Референдумот на Мицкоски нема поддршка од граѓаните, од опозициските партии и нема да успее. Мицкоски не може да го спречи европскиот пат на земјата“ додаваат од владејачката партија.